Red Cross Shape
    Search Icon
    mk-flagal-flagen-flag
Средба на претседателот на Црвен крст на РСМ и  шефот на канцеларијата на СЗО за РСМ

2024-11-29

Средба на претседателот на Црвен крст на РСМ и шефот на канцеларијата на СЗО за РСМ

Денес на, 28.11 2024, во Скопје, претседателот на Црвениот крст на РСМ, проф. д-р Ромел Велев оствари средба со новоименуваниот претставник на Светската здравствена организација и шеф на канцеларијата во С. Македонија, д-р Аким Али.

На средбата претседателот на Црвениот крст на РСМ информираше за улогата на Црвениот крст како помагател на владините институции во справување со тековните здравствени  состојби во државата и идни можности за соработка.

Д-р Аким Али ја препозна важноста на дејствувањето на Црвениот крст во насока на превенција и подигнување на свеста на населението за актуелните здравствени предизвици, со посебен акцент на влијанието на климатските промени врз здравјето и истовремено ја истакна подготвеноста за продолжување на соработката на СЗО со Црвениот крст на РСМ.